октомври 8, 2021

Охрид, 8. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Благодарение на посветеноста на централната и локалната власт предводена од СДСМ, нашиот скапоцен бисер, нашето Охридско Езеро ја доби потребната грижа, која години наназад му беше ускратена. Со отпочнувањето на реконструкцијата на колекторскиот систем решаваме сложен и сериозен проблем, кој беше еден од нашите најважни приоритети, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески.

Потсети на формирањето на новото јавно претпријатие „Колекторски систем“ во кое Владата инвестираше 256 милиони денари за санација на најкритичните делови на колекторската линија, како и поделбата на МЈП „Проаква“. За престојниот мандат искористување на странските фондови за финансирање на проекти и поголема искористеност на донаторските средства за подобрување на целокупната инфраструктура за заштита на животната средина.

– Особено ме радува фактот што со заедничка посветеност и упорност успевме да ја оствариме целта, а тоа е чиста езерска вода и чиста животна средина за нас и идните генерации. Со цел да ја продолжиме заштитата на животната средина и на езерото, во текот на престојниот мандат вложуваме максимални напори за искористување на странските фондови за финансирање на проекти и поголема искористеност на донаторските средства за подобрување на целокупната инфраструктура за заштита на животната средина. Приоритени проекти во планот за реализација се изградбата на пречистителни станици во селата Трпајца, Љубаништа, Косел, Лакочереј и Орман.Во Охрид е инвестирано како никогаш до сега. Таа силна динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите, бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот на нашите граѓани. На 17-ти октомври заокружете го бројот 12 и изберете го „Најдоброто за мојата општина“, рече Георгиески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука