октомври 9, 2021

Охрид, 9. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Гарантираме промени, проекти и победи. Поддршка за книжевното, ликовното, музичкото и драмското творештво, поддршка за цела култура, порача на денешната прес конференција Сашо Донев, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Поттикнување на здравствениот туризам како дел од туристичката понуда на Охрид. Поддршка, поттикнување и унапредување на спортот. Квалитетно и модерно образование – темел за иднината на Охрид. Зачувување на македонскиот јазик и промоција на културно-историското наследство. Квалитетни мерки за инвестиции и напреден технолошки развој. За буџет креиран од страна на граѓаните согласно нивните конкретни потреби. Борба за секое ново работно место и економски раст и развој на општеството. Лицата со посебни потреби еднакви на пазарот на трудот. Поттикнување на културата на припадниците на заедниците и негување на верските обичаи. Активни и мотивирани млади кои учествуваат во донесување одлуки. И вам ви е доста од неправди? Време е за промени во Охрид! Доаѓаат подобри времиња! Охрид ни е сѐ што имаме! Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи! 7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука