октомври 9, 2021

Белчишта, 9. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Дебрца е рурална општина на голема територијална површина. Во нашата интензивна комуникација со месните одбори, при изработката на програмата за работа и развој на општина Дебрца, дојдовме до одредени заклучоци за тоа што се најприоритетните потреби на граѓаните, порача на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на општината од редовите на СДСМ Игор Крцоски – Манце.

– Покрај инфраструктурните подобрувања на кои е ставен најголем акцент во програмата, и за кои најсилно ќе се залагаме за обезбедување средства и нивна реализација, заклучивме дека нашето внимание треба да го добие уште еден проблем кој го засега мнозинството граѓани, а тоа е меѓуопштинскиот превоз. Предвидена е негова модернизација која ќе ја постигнеме преку обезбедување редовни субвенции за линиските превозници, како тие би можеле да ги подобрат условите за користење на јавниот превоз. Во соработка со превозниците кои сообраќаат на ниво на општина Дебрца, ќе изнајдеме заеднички јазик и ќе изработиме добар план за линии врз основа на потребите на населението. Исто така, во рамките на овој проект ќе се постават автобуски стојалишта на местата каде што ги нема, а ќе се постави и соодветно улично осветлување на веќе постоечките. Со заложбите за решавање на овој проблем, веруваме дека ќе го олесниме функционирањето на голем дел од населението кое живее во Дебрца, а е корисник на јавниот превоз. Само со вакви решенија, кои произлегуваат токму од реалните потреби на граѓаните, Дебрца ќе се развива по нагорна линија, а ќе се подобрува квалитетот на живот на Дебрчани. На 17-ти заокружуваме 12ка и со огромен број гласови потврдуваме што е најдобриот избор за општина Дебрца, порача Крцоски – Манце. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука