News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 10, 2021

Охрид, 10. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти октомври 2021 година, во 10:20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, на спојката со локалниот пат за селото Годивје, Општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Форд ескорд“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од страна на 48-годишниот Г.К. од Кичево и патничко возило „Опел мерива“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот Б.С. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од истото возило, Б.С.(22) и Б.С.(52), двете од Скопје, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука