октомври 10, 2021

Охрид, 10. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – За потребите на жителите на Лескоец и Косел, за спортските клубови и за здравиот развој на младите гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески“ и реконструкција на подрачното училиште во Косел, порача на денешната прес конференција Благородна Чулческа, кандидат за член на градскиот Совет од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Изградбата на атмосферска канализација е од витално значење, бидејќи овозможува собирање и одведување на атмосферските води, заштита на јавното здравје (епидемии од загадена вода), но и за нормалниот пешачки, автомобилски и секаков друг вид урбан сообраќај. Се обврзуваме да изградиме тука, во Лескоец атмосферска канализација и изградба на канализациона мрежа. Асфалтирањето и одржувањето на главни и споредни улици има да биде наша континуирана задача, бидејќи имиџот на градот ни е најважен. Во периодот што следува наш приоритет е асфалтирање на улиците во Лескоец и Косел. Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи! 7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука