октомври 10, 2021

Охрид, 10. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Уредување на коритото на реката Сушица, промена на азбестните водоводни цевки, асфалтирање улици и изградба на детски игралишта во населбата „Радојца Новичиќ“ – Црногорци се само дел од проектите кои ќе се реализираат, порача на денешната прес конференција Александра Настоска, кандидат за член на градскиот Совет од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Проекти за кои гарантираме реализација во населба „Радојца Новичиќ“: Партерно уредување на коритото на река Сушица, идејно и целосно уредување на просторот кај Касарната, промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „6 Бригада“ и „130“, асфалтирање на краци на улиците „Радојца Новичиќ“, „28 Април“, „130“ и „Петрино“, изградба и доизградба на тротоарите на „Радојца Новичиќ“, поставување забавувачи на улиците, поставување автобуски постојки и информативни табли со возен ред, изградба и реконструкција на детски современи игралишта, уредување на фудбалското игралиште во Kасарната и инвестиции во спортот. Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи! 7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука