Скопје/Охрид, 10. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцинацијата против Covid-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
– Вкупно се аплицирани 1.544.531 дози вакцини, ревакцинирани се 748.563 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 4.418 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.132 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 157 граѓани. 47% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина. 45% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини. 38% од вкупното население е има примено една доза вакцина. 35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини. 53% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, додаваат од Министерството. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство