Скопје, 10. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.486 тестирања, при што се регистрирани 316 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 140
• Куманово 38
• Велес и Штип по 19
• Кавадарци 16
• Прилеп и Охрид по 12
• Струмица 11
• Битола 8
• Пробиштип 6
• Тетово и Свети Николе по 5
• Неготино и Крива Паланка по 4
• Струга и Кратово по 3
• Кичево, Кочани и Гевгелија по 2
• Радовиш, Виница, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 3 починати лица од Куманово (32, 72 и 77 година), по 2 починати лица од Охрид (59 и 64 години) и Свети Николе (66 и 68 години) и по едно починато лице од Крива Паланка (88 години), Берово (74 години) и Скопје (69 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 13.09.2021 до 17.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Гостивар и по едно лице од Куманово, и Ресен на возраст од 46 до 68 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 240 оздравени пациенти од:
• Скопје 107
• Куманово 27
• Штип и Кочани по 14
• Велес 12
• Кавадарци 11
• Прилеп 10
• Битола 9
• Гевгелија 8
• Тетово 7
• Кичево 6
• Кратово и Демир Хисар по 3
• Охрид 2
• Свети Николе, Неготино, Радовиш, Ресен, Делчево, Богданци и Македонски Брод по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.323.365 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.891 бројката на оздравени пациенти е 181.031, на починати е 6.831, а бројот на активни случаи изнесува 7.029. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство