Скопје, 11. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.529 тестирања, при што се регистрирани 111 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 83
• Прилеп 6
• Велес 5
• Кавадарци 4
• Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка по 2
• Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 15 лица: 5 починати лица од Скопје (56, 69, 72, 75 и 91 години), по 2 починати лица од Кавадарци (64 и 84 години) и Кичево (54 и 87 години) и по едно починато лице од Велес (72 години), Берово (56 години), Гевгелија (64 години), Кочани (76 години), Крива Паланка (61 години) и Струмица (81 години). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 09.09.2021 до 11.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Дебар и едно лице од Гостивар на возраст од 56 до 82 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 165 оздравени пациенти од:
• Скопје и Куманово по 25
• Штип 21
• Кавадарци 18
• Кочани 13
• Велес 11
• Битола и Свети Николе по 10
• Прилеп 6
• Охрид и Кратово 5
• Радовиш 4
• Пробиштип 3
• Гевгелија 2
• Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Виница, Демир Хисар и Пехчево по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.324.894 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.002 бројката на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а бројот на активни случаи изнесува 6.957. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство