октомври 11, 2021

Охрид, 11. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е дел од денешната наша програма, заедно сме тука со идниот градоначалник на Охрид, со Кирил Пецаков и со Сашо Донев, носителот на советничката листа на коалицијата „За Обнова на Македонија“ и претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ овде во Охрид, порача денеска од Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Се мобилизираме колку што е можно повеќе, бидејќи остануват уште малку можности за промовирање на проектите за развој на Охрид и за излез од ова сивило и политичко мочуриште во кое се наоѓа Охрид и цела Македонија, изминативе 52 месеци Охрид речиси четири години, од она кое беше ветувано буквално ништо не е направено, многу пљачка, многу криминал, многу срам, понижувања и многу малку достоинство, тоа што изрушија, а ништо не изградија. Јас сум убеден во една голема победа овде во Охрид, а идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе посвети големо внимание на Охрид и на охриѓани кои го заслужуваат вистинското место како град кон заслужува да биде приоритет, а не да биде потценет, истакна Мицкоски.

May be an image of 2 people and people standing

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните се обединети и мобилизирани на терен, потенцирајќи дека е сигурен во победата на локалните избори.

– Кажав јас дека очекуваме победа, сигурни сме во победата. Инаку од власта го очекувам сето она кое што го гледав изминатите четири години, многу поткуп, притисоци, закани и тоа е што е. Ние како ВМРО-ДПМНЕ и како граѓани сме обединети дека треба да бидат поразени. Имаме сериозна мобилизација на терен, очекуваме што повеќе луѓе да излезат да гласаат затоа што со останување дома, практично ги одобруваме овие погрешни политики изминативе 52 месеци, истакна Мицкоски.

May be an image of 7 people, people standing, outdoors and crowd

Тој посочи дека очекува поткуп, закани и уцени од Заев и СДСМ, но им порача дека бадијала ќе ги трошат парите за кои како што рече тој тие се украдени пари и ќе одговараат, бидејќи охриѓани се одлучни да ги поразат за сите погрешни политики.

– Ако очекувате поинакво однесување од Зоран Заев и од неговиот кандидат тука во Охрид, освен тоа што го видовме изминатите години, тогаш се лажете. Ниту охриѓани, ниту пак јас очекувам поинакво однесување од Заев и Спасовски, а тоа е многу пари за поткуп, многу притисоци, многу закани, многу уцени. Но, тоа што го слушнав од охриѓани, тие се одлучни да ги поразат и одлучни се да го изберат д-р Кирил Пецаков уште во првиот круг за градоначалник на градот Охрид. Така што мојот совет до нив е дека за бадијала ќе ги потрошат парите и така ќе треба да одговараат бидејќи се крадени тие пари, и нека не прават притисоци, закани, уцени и оние ситни би рекол поддржувачи на Зоран Заев овде во Охрид, бидејќи и тие ќе треба да одговараат после 17-ти октомври. Нека бидат достоинствени и нека бидат барем чесни во поразот кој што им следува на 17-ти октомври, истакна Мицкоски.

May be an image of one or more peopleТој додаде дека ќе продолжат со средби со граѓаните, да ги слушнат проблемите и барањата на граѓаните во Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука