октомври 12, 2021

Охрид, 12. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Врнежите од дожд што ги имаме речиси цела недела поволно се одразија на хидролошката состојба на Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,18 м.н.в, што е за 10 сантиметри под просекот за октомври (693,28 м.н.в) и осум сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Во последните седум дена езерскиот водостој се покачи за 5 сантиметри, но и натаму е под месечниот просек.

Можно е да е слика од текст кој вели „землоделство, управа работи (споредба табела реките природните езера претходниот ден тенденциа наредниот ден) 12.10.2021 водостои река егуновце вардар вардар cm измерени 12.10.21 11.10.21 07:30 45 велес д.капила- вардар 13.10.21 просек3 52 108 80 октомври лепенец 50 73 52 106 30 65 к.паланка- бабуна 36 78 16 = н.село црна река 83 60 60 87 70 52 69 = -радика 38 49 107 измерени во охрид- 146.66 842.17 842.18 693.18 = температури 693.18 вода 843.77 = охрид -ез.охрид 693.28 преспанско 16.0 xc "наколец" зеро (CM) одобрил: минимум 693. (мнм). в.д директор, муртезанов нивна обработка корекција лизание“

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, управа хидрометеоролошки работи табела неделна хидролошка реките природните 07:30 часот 08.10.21 09.10.21 легуновце скопје вардар 12 12 64 25 88 18 78 12 вардар треска 20 104 -2 52 45 104 30 08 6 40 28 108 -1 50 146 пчина 172 48 48 22 берово- брегалница 60 80 -струмица 19 26 17 38 48 30 52 18 30 27 20 37 54 49 35 41 38 ΜΗΜ 78 7:30 146.61 нд табела 146.66 вода 7:30 693.18 19.6 693.18 17.5 16.0 изработил: езеро- 8(cM) дозволениот минимум 16.0 16.0 одобрил:вс в.ддиректор, муртезанов понатамошна обработка корекција редовниот вештачко влијание“

Температурата на езерската вода е 16 степени и е за 0,8 степени пониска од просекот за октомври.

Охридското Езеро веќе подолг период се соочува со низок водостој. Минатиот месец нивото на езерото се намали за 13 сантиметри, а од почетокот на октомври, благодарение на врнежливиот период, порасна за четири сантиметри.

Во Охрид денес променливо облачно време, попладне со подолги сончеви периоди.

Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 14. степени.

– Утре попладне во западните и јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури значително ќе опаднат, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука