октомври 12, 2021

Скопје, 12. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.843 тестирања, при што се регистрирани 130 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 88
• Кавдарци 10
• Велес 7
• Прилеп 6
• Охрид и Крива Паланка по 4
• Куманово и Битола по 3
• Гостивар и Кичево по 2
• Демир Хисар 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 6 лица: 2 починати лица од Куманово (63 и 68 години) и по едно починато лице од Скопје (77 години), Тетово (85 години), Крива Паланка (27 години) и Струмица (80 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 423 оздравени пациенти од:

• Скопје 246
• Куманово 65
• Струмица 18
• Штип 11
• Прилеп и Охрид по 9
• Тетово 7
• Кавадарци и Кратово по 6
• Велес, Крива Паланка, Кочани и Валандово по 5
• Битола, Струга и Гевгелија по 4
• Свети Николе и Пробиштип по 3
• Виница 2
• Гостивар, Неготино, Ресен, Делчево, Демир Хисар и Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.326.737 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132 бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи изнесува 6.658. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука