Скопје, 13. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Моделот за скринингот е готов, а од утре ќе започнеме со барање писмена согласност од родителите, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Тестирањето кај основците и средношколците требаше да почне оваа недела, но ќе се реализира во текот на следната
– Требаше да започне оваа недела, меѓутоа нешто повеќе траеше анализата на бројот на учениците. Од утре ќе започнеме да бараме, заедно со Министерството за образование, писмена согласност од родителите согласно методологијата. Верувам дека до крајот на оваа недела тоа ќе се обезбеди и од следната недела и практично се спроведе скринингот, рече Филипче.
Тој апелираше до родителите да го прифатат скринингот. Моментално епидемиолошката состојба е мирна, нема трансмисија на вирусот во училиштата, но со скринингот ќе се открие дали има асимптоматски случаи.
Предвидено е да бидат опфатени околу 8.200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици. Учениците ќе се бираат по случаен избор од регистарот на е-дневник, а родителите ќе треба да потпишат согласност за учество на тестирање на децата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива