Охрид, 13. Октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Проблемот со листите на чекање за запишување на децата во градинка мора да се реши. Во насока на континуирано и трајно решавање на овој проблем, Охрид има да добие нова современа градинка со која значително ќе се зголеми капацитетот за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, рече на денешната прес конференција кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, Перчо Божиновски.
За постоечките градинки најави реконструкција. Додаде дека ќе придонесат децата да имаат вистински можности за правилен раст и развој преку изградба на повеќенаменски и спортски игралишта.
– Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Од таа причина, во Велгошти до спортската сала и во населбата Видобишта на постоечкото спортско игралиште се обврзуваме за изградба на нови мултифункционални игралишта со професионална подлога. По барање, пак, на граѓаните во согласност со нивните потреби, исти такви уште на две локации.
Заокружи 7 за нова детска градинка, нови детски и спортски игралишта! 7 за Д-р Кирил Пецаков и мнозинство во Советот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, рече Божиновски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива