Охрид, 13. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на поддршка на туристичкиот сектор и сите сегменти поврзани со него, со цел да се помогне во надминување на штетите од ковид кризата, ќе продолжиме со доделување на субвенции за станоиздавачите, туристичките водичи, езерскиот превоз, занаетчиите и останатите туристички чинители, рече на денешната прес конференција носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Науме Јованоски.
Додаде дека ќе се работи на подобрување на туристичката инфраструктура, поголема промоција на Охрид на туристичкиот пазар, зголемување на редовните авиолинии кон охридскиот аеродром, а за шпицот на летната сеозна ќе се воведе систем на планирање на културни и забавни активности, во наока на обезбеди контролирано организирање на големи манифестации и концерти.
– Подготвуваме календар за настани, со кој ќе се овозможи планирање на содржините и бројот на настани кои ќе може да се организираат во еден ден или викенд. Продолжуваме да организираме и поддржиме културно-забавни настани за збогатување на содржините надвор од туристичката сезона. Работиме согласност со новата Стратегија за развој на туризмот и ги овозможуваме сите потребни предуслови за подобар развој на постоечката понуда, со поголема промоција на алтернативните форми на туризам. Предвидуваме унифицирање и поголема контрола на јавниот, такси презоз и езерскиот транспорт. Во соработка со превозниците, такси компаниите и сопствениците на пловни објекти кои вршат превоз на патници, ќе работиме на подобрување на условите со цел да се подобрат услугите кои ги добиваат патниците. Нашето мото е туризам 365 дена и тоа не се само празни зборови, истакна Јованоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива