Охрид, 14. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Плажите во Охрид мора да бидат уредени и од наредното лето мора да бидат подготвени за граѓаните.
Банално беше тоа што во јуни се рушеа, а во тек на туристичката сезона ги оставивме неуредени, и беа оставени со недоволни услови за граѓаните, а во август месец се објавува јавен повика за тоа како да изгледаат плажите, што е сосема нелогично, рече кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кирил Пецаков во емисијата „Утрински брифинг“ во Слободна ТВ.
Тој посочи дека власта во последниве четири години не ги реши плажите во однос на концесионерските договори, можеше сето тоа да биде решено во септември, но беше лоша одлука на локалната власт.
– На Охрид му е потребен 365 дена туризам, ние имаме и потенцијал и можности сето тоа да го средиме, во нашата програма се предвидени мерки за зголемување на туристичката сезона како субвенционирање надвор од туристичката сезона, намалување или субвенционирање на сметките за вода, ѓубрарина на хотелите кои ќе работат и ќе понудат пониски цени, и многу други мерки, но една од најбитните е изработка на студија за туризам за да видиме какви потенцијали има градот Охрид и каков туризам можеме да развиваме во следниот период, истакна Пецаков. (Крај)
извор: Слободна Тв фото: Слободна Тв