Охрид, 14. октомври 101ѝ (ОХРИДПРЕС) – Врз oснова на Јавниот Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро кој беше објавен на 30.08.2021 година, до Општина Охрид пристигнаа две идејни решенија согласно условите на повикот.
– Право на учество на повикот имаа сите физички и правни лица, регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на повикот. Целта на повикот беше вклучување на стручната јавност и граѓаните во процесот на утврдување на активностите и дејствијата за уредување на плажите на крајбрежјето согласно препораките и насоките од Планот за управување со светското природно и културно наследство, препораките на УНЕСКО како и постојните законски прописи. Конкурсот беше анонимен и секој учесник имаше право да учествува со еден труд, информираат од Општина Охрид.
Пристигнатите решенија ќе бидат предмет на евалуација на стручната комисија и достапни на увид на граѓаните. Граѓаните своите сугестии, забелешки и предлози во правец на избор на најсоодветно решение може да ги достават на следната електронска адреса [email protected] со назнака „Идејно решение за плажи“.
Во прилог се фотографии од идејното решение број 1 и фотографии од идејното решение број 2
- Идејно решение број 1
- Идејно решение број 2
Граѓаните можат да направат увид на комплетната документација на идејните решенија во Општина Охрид со претходна најава на горенаведената електронска адреса, секој работен ден од 15.10.2021 до 21.10.2021 од 08:00 до 11:00 часот. (Крај)
извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид