Охрид, 15. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Благодарение на посветеноста на оваа локална власт, финализирана е постапката за изградба на нова катна гаража на локација во близина на градскиот пазар. Беше изработена Физибилити студија, извршена е експропријација на земјиштето, а Владата веќе има донeсено одлука за трајно користење, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески.
– Додека јас и кандидатите за советници од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ секојдневно пред вас ја презентираме програмата со најдобрите проекти за Охрид, од спротивната страна имавме можност да слушнеме само паушални ветувања, копирани идеи и најави за проекти кои се веќе во поодмината фаза на реализација. Од нив не слушнавме ништо ново, ништо поразлично, само безидејност и празни зборови.Презентираат дека во нивната програма имале проект за Изградба на катна гаржа, а не кажаа ниту еден детал како таа ќе изгледа. Тоа е така затоа што тие не може да имаат детали, бидејќи деталите ги имаме ние, затоа што ние работевме на овој проект, рече Георгиески.
Информира дека од Владата е добиена согласност за распишување повик за јавно приватно партнерство, а на 12-ти овој месец општинбата го добила и потребното конзерваторско мислење од Управата за заштита на културно наследство. Повикот ќе биде распишан по изборите.
Катната гаража ќе биде изградена по сите современи стандарди на површина од 1.215 м², со бруто површина од 6.875 м², наменета за повеќе од 150 возила. Објектот ќе располага и со деловен простор од кои на општината ќе и бидат на располагање околу 800 метри квадратни.
Рече дека неговите противници кажуваат дека имаат проект за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“, но повторно не презентираат детали како таа ќе изгледа. Деталите ги имаме ние, затоа што ние посветено работеме на овој проект, кој е пред почеток на реализација.
– Реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница е главниот инфраструктурен проект кој се реализира како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта” имплементиран од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка. Се работи за модерно сообраќајно решение кое предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување. Сите тендерски постапки се комплетирани и завршени се сите процедури и наскоро треба да започнат предвидените градежни активности.
Ви ветуваат дека ќе работеле на проекти за реконструкција на улица „Будва“ и улица „Прилепска“, а постапката за двете улици исто така е завршена и деновиве треба да започнат градежните работи за реконструкција.
Исто така, пред почеток на реализација е и реконструкцијата на улица „Гоце Делчев“ со која населбите Воска и Далјан добиваат нов инфраструктурен проект вреден 38.500.000 денари, средства обезбедени од Владата во рамки на програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурнипроекти. Со овие средства ќе се изврши целосна реконструкција на тротоарите и коловозот, а за поставување на нова атмосферска канализација се обезбедени средства од буџетот на општина Охрид, потенцира Георгиески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива