Охрид, 15. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ние сме заедно со народот, гарантираме и нудиме нов почеток, замена на апатијата со надеж, заеднички да ја победиме неспособноста, да се избориме за Охрид и Македонија. Ние одлучуваме. Секој глас е важен, порача кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и коалицита „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков.
– Не смееме да останеме заглавени во хаосот поради безидејноста и проблемите создадени од власта. Не сме сите исти. Големите одлуки зависат од вас, мои охриѓани. Победа е да имаме заедничка цел. Казнете ги погрешните политики на власта со кои ја одзема нашата колективна иднина. Ве повикувам на 17-ти октомври да излеземе сложно и заедно да победиме уште во првиот круг. Поддржете нè и заедно да создаваме нова и светла иднина! Гласајте за проекти, промени, победи наместо за измами! Јас верувам во вас, верувајте и вие во мене! Доаѓаат подобри времиња, подобро утре за сите. Имаме вредни луѓе, одлични идеи. На наша страна се знаењето и работата. Храбро да чекориме заедно напред! Да започнеме со обновата на урнисаното достоинство на Охрид! За нас, за нашите деца! Промените за Охрид доаѓаат, порача Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива