Охрид, 15. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, на 17-ти октомври Вие сте локолната власт. Тој ден, како што вели старата, добра и мудра народна поговорка: „Во Вас е и ножот и погачата“. Не двапати, не трипати, ако треба и стопати мерете, еднаш сечете. Тој ден, како што рекол славниот Абрахам Линколн, „Вашето гласачко ливче е посилно од куршум“, порачаа во завршното обраќање од независната советничка листа „Охрид пред сé“.
– Ајде, со Вашиот глас, да го вратиме изгубеното достоинство и дигнитет на Советот на општина Охрид. Ајде да го вратиме Советот онаму каде што припаѓа по словото на законот – Вам, на граѓаните. Ајде Советот да го направиме вистински преставнички орган на граѓаните, а не партиска филијала или пашалак на поединци, Ајде Советот да биде орган во кој општиот, заедничкиот интерес ќе биде секогаш над партискиот и личниот. Доста беше за судбината на Охрид и охриѓани да одлучуваат партиските центри на моќ во Скопје. Масовно, мирно, достоинствено, културно, во духот на Охрид, во недела, на 17-ти октомври, излезете и гласајте за оние на кои Охрид им е пред сé. Гласајте за независната листа на „Охрид пред сé“, чиј носител е Димитар Велјаноски. Заокружете го бројот 122 на гласачкото ливче за советници, „Охрид пред сé“ и Вие почитувани граѓани, заедно до победа, порачаа од независната советничка листа „Охрид пред сé“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес