Скопје/Охрид, 17. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известуваат граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Охрид, Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола и Тетово), ќе работат и денеска.
Сите наведени надлежни организациони единици во текот на денешниот ден ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07:00 до 19:00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево). (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 20