октомври 17, 2021

Охрид, 17. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Гласањето во Охрид на сите избирачки места се одвива мирно и без проблеми.

Според последните податоци од ДИК, во Охрид до 13:00 часот од обработени податоци од  75 од 88-те избирачки места на гласање излегле 10.706 охриѓани или 23,66 %.

Споредено со ланските парламентарни избори, иако се работи за различни изборни циклуси, до 13:00 часот своето гласачко право го искористиле 15.090 граѓани.

Охриѓани гласаат по осми пат за избор на локлана власт. Може да направат избор меѓу тројца кандидати за градоначалник и 11 советнички листи.

Има измени на локациите на две избирачки места. Гласачкото место 1255 1255/1 што беше сместено во просториите на Територијалната противпожарна единица, во овој изборен циклус запишаните избирачи ќе гласаат во просториите на ОУ „Братство Единство“. Има и една суштинска промена на гласачкото место 1271, бидејќи бројката на запишани избирачи надминува 1.200. Во насока на почитување на ковид протоколите, гласачите од цела улица „Лазо Трпоски“ сега своето право на глас ќе го остварат на избирачкото место 1274, сместено во просториите на музичкото училиште „Методи Патчев“.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука