Охрид, 18. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваме со кренати глави кон новата и светла иднина. Заедно одлучивме дека Охрид треба да продолжи кон посветла и посреќна иднина, порача на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и носителот на советничката листа Сашо Донев.
– Четири години се боревме заедно, сите ние овие четири години издржавме многу работи. Бидете горди и бидете со кренати глави. СДСМ и Георгиески се поразени. Во следниот круг победата ќе биде уште поголема, уште посилна, уште похрабра за нова и светла иднина на Охрид. Денеска насекаде се слуша гласот на промените. На охриѓани им е доста од криминал, корупција, пазарења и непринципиелни коалиции.
Нѐ чека работа, од денеска повторно на работа, за народот и решавање на сите проблеми на граѓаните. Ќе стигнеме до секој еден гласач затоа што потребни му сме сите заедно на Охрид. И како Претседател на Општинскиот Комитет, и како носител на победничката Советничка листа, заедно застанувамe гордо пред вас со цел реализација на сите наши идеи и проекти за Охрид, истакна Донев. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ВМРО-ДПМНЕ