октомври 20, 2021

Охрид, 20. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Преку посветена, искрена и чесна работа, за само две и пол години успеав да реализирам многу важни проекти и да донесам многу важни одлуки за Охрид. Затоа цврсто ви ветувам дека продолжуваме напред со нови проекти кои се очекувани и потребни, рече на денешнат прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески.

Тој се заблагодари на граѓаните што во првиот круг му дадоа поддршка и рече дека се воочени пропустите и согледани причините за послабиот резултат во одредени урбани и рурални средини. Пораката од граѓаните е јасна и затоа веќе започнавме интензивна теренска кампања за да стигнеме до секој дом и до секој жител, додаде Георгиески.

– Во животот се имам соочено со многу потешки ситуации и многу поголеми битки од оваа сега, но јас сум човек што никогаш не се откажува. Ќе го вложам целиот свој професионален и личен капацитет Охрид да остане на вистинскиот пат. Но, ми треба вашата поддршка мои охриѓани, ми треба вашата цврста определба за подобра иднина.
Мораме да застанеме заедно на браникот на вистинските вредности и да не им дозволиме да го сопрат започнатиот развој на градот и да ги ставиме во ризик сите резултати кои ги постигнавме.
Охрид не заслужува да се врати во рацете на политичари кои ќе работат по диктат на Белата палата, Мицкоски и Груевски, кои немаат кредибилитет и на кои им е важен само интересот на партијата.

Охрид мора да продолжи да оди напред, со најдобра визија и кадровски потенцијал. Охрид го заслужува најдоброто! Шансите се реални и остварливи, затоа ве повикувам да останеме обединети и сплотени во борбата за нашиот Охрид. Да не се откажуваме и да покажеме дека заедно можеме да донесеме вистински одлуки од кои зависи иднината на нашите деца и внуци. Почитувани граѓани убедени сме дека заедно можеме да бидеме и посилни и поодлучни. Ајде заедно да покажеме дека можеме да се одлучиме за најдобрите политики и најдобрите мерки за развој, потенцира Георгиески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука