Охрид, 23. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ќе работам за охриѓани, за нова иднина и подобар живот на сите граѓани, и за нова иднина на нашите деца. Охриѓани да веруваат во себе и да веруваат во промените кои доаѓаат, истакна во вечерашното обраќање, кандидатот за градоначалник за општина Охрид, д-р Кирил Пецаков.
– Охрид докажа дека е лулка на ВМРО, но и чесно го докажавме тоа на дело, Охрид се одлучи за промени и напредок, благодарност за искажаната поддршка, сум бил и ќе останам човек кои ќе го брани вашите интереси. Денес кога го честуваме денот на македонската револуционерна борба, годините течат, а идејата се шири, идеалите на македонските ревоционери кои го држеа факелот на револуционерното дело, останаа да бидат водилка и вечерн мотив за македонскиот народ, порача Пецаков.
Тој напомена дека борбата трае и мора да продолжи за Охрид и за Република Македонија, оваа борба е против корумпираната власт, а херои ги нарече луѓето кои го живеат храбро животот во ова време, а охриѓани заслужуваат среќа, а докажаа дека постои надеж уште во првиот круг.
– Покажавме дека не се плашиме да веруваме во себе и да се бориме за иднината на нашите деца, таа иднина зависи од нас, и од промените кои доаѓаат, промени на подобро, промени за позитивното наспроти негативното, квалитет наспроти партизација, работа наспроти неработа, имаме план, гарантираме конкретни проекти за Охрид и верба тоа да го направиме, посочи Пецаков.
Тој вели дека ќе се бори за секое работно место плус, мобилност и инфраструктура, модерно и современо образование, заштита за климатските промени и животната средина, правилен урбанизам, атрактивен локален туризам, поддршка за спортот и културата и проекти во сите сфери на живеење за подобар живот на сите граѓани.
– Охрид е против власта е вели доста, доста е со уцените, заканите и злоупотребите со полицијата, со купување на гласови, со потценување на народот, на охриѓани им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања, наместо криминал, корупција и апатија, потребни се промени и светла иднина, порача Пецаков.
Пецаков порача исто така дека потребна е масовна излезност затоа што сме на чекор до целта, блиску до победата, а изборот на тивкото мнозинство мора да одекне, тој ги повика сите различни етникуми во Охрид, да се избориме заедно затоа што силата е секогаш во народот, а успехот е загарантиран само со заедничка борба.
– Ајде лавовски да се избориме за да имаме промени и напредок, ајде сите заедно да се избориме за на 31-ви октомври со гордо крената глава да кажеме дека Македонија победи, рече Пецаков.
Тој вели дека само на тој начин ќе избереме нова подобра иднина не само за Охрид туку и за Македонија, со големи чекори напред да ја создадеме новата иднина.
Израснав со охриѓани, живеам со охриѓани и има да работам за охриѓани, јас и не знам поинаку. На 31 октомври Охрид добива вистински градоначалник кој гарантира нова и светла иднина. Доаѓаат промени, гарантираме проекти, победи за нова и светла иднина. Да живее победнички Охрид, да живее ВМРО-ДПМНЕ, Македонија вечна, порача Кирил Пецаков на денешното обраќање во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива