Скопје/Охрид, 24. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) -Како дел од кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ и проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, финансиран од Британската амбасада во Скопје, Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Алијансата за застапување и лобирање ја реализираа емисијата „Сатеска – 60 години болка за Охридиско Езеро“.
– Откако реката е пренасочена да се влива во езерото, внесува дури и до 130 тони дневно мил, ѓубре, фосфати…, со што го загрозува опстанокот на некои ендемични видови. Наместо ова да се спречи, и песокот што се вади од изградбата на автопатот Кичево-Охрид завршува во и околу Сатеска. Жителите стравуваат дека неправилното запирање на водата ќе ги поплави, потенцираат авторите.
Мисијата на ИКС е да помогне во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики. (Крај)
извор: razbistri.se фото/видео: razbistri.se