Охрид, 24. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Реализиравме многу значајни проекти и во континуитет продолжуваме со важни инвестиции во сообраќајната инфраструктура, стои во дописот до медиумите од изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ д-р Константин Георгиески.
– Завршени се сите предвидени постапки за реконструкција на улиците:
„Македонски Просветители за која се одобрени средства од „Проектот за поврзување на локални патишта” имплементиран од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка. Сите тендерски постапки се комплетирани и наскоро треба да започнат градежните активности.
„Гоце Делчев“ за која се обезбедени 38.500.000 денари преку Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти. Со овие средства ќе се изврши целосна реконструкција на тротоарите и коловозот, а за поставување на нова атмосферска канализација се обезбедени средства од буџетот на општина Охрид.
„Будва“ и „Прилепска“, за кои се обезбедени средства од општинскиот буџет и наскоро треба да започнат градежните работи на терен, стои во дописот.
Додаваат дека се сериозно посветени на проектите за подобри услови за живот на сите граѓани и затоа се убедени дека на 31-ти октомври граѓаните ќе го изберат најдоброто за Охрид.
– Бројот 12 е единствената гаранција дека Охрид ќе продолжи напред, додаваат од тимот на Георгиески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива