Охрид, 25. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Локалната и централната власт предводена од СДСМ покажа вистинска грижа и презеде конкретни чекори за заштита на Охридското Езеро. Имавме подготвеност и решителност за решавање на сложени проблеми кои децении наназад беа игнорирани, вели кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески.
– Согласно препораките наУНЕСКО, беше формирано ново јавно претпријатие „Колекторски систем“ во кое Владата инвестираше 256 милиони денари за санација на најкритичните делови на колекторската линија. Локалната самоуправа беше вклучена во постапката за поделбана МЈП „Проаква“, со што се решија долгогодишните проблеми со натрупаните милионски долгови, кои исто така беа сервисирани со поддршка на Владата. Изготвена е Студијата за валоризација на Охридското Езеро, со која сеобврзавме за директно учество во заштитата на биолошката разновидност. Оваа студија ќе обезбеди висок степен на заштита на исклучителната универзална вредност на регионот, вели Георгиески.
Потенцира дека и понатаму остануваат максимално посветени на заштитата на езерската вода и креираме нови проекти за подобрување на целокупната инфраструктура за заштита на животната средина.
– Предвидуваме изградба на пречистителни станици во селата Трпејца, Љубаништа, Косел, Лакочереј и Орман, со што ќе се надминат проблемите со отпадните води. Исто така, остануваме посветени на новиот концепт за уредување на крајбрежјето кој ќе биде во согласнот со Планот за управување со светското природно и културно наследство и со сите еколошки стандарди за заштита на Охридското Езеро.
Во текот на изминатите 4 години во Охрид е инвестирано како никогаш до сега. Носиме нови проекти за подобри услови за животот на сите наши граѓани. Силната динамиката не смее да запре во ниту еден момент.
Имаме јасна визија за развој во сите сфери на општественото живеење, затоа на 31-ви октомври заокружете го бројот 12 и изберете го најдоброто за нашиот град. На 31-ви октомври заедно да продолжиме напред и да донесеме уште една голема победа во Охрид, истакна Георгиески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива