Скопје, 26. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.622 тестирања, при што се регистрирани 511 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 247
• Куманово 54
• Велес 29
• Кочани 21
• Битола 20
• Тетово, Прилеп, Кавадарци и Штип по 15
• Крива Паланка 10
• Делчево 9
• Гевгелија 8
• Кичево 7
• Неготино и Свети Николе по 6
• Виница 5
• Охрид и Богданци по 4
• Струмица, Радовиш, Валандово и Кратово по 3
• Ресен и Демир Хисар по 2
• Гостивар, Берово, Пробиштип, Крушево и Македонкса Каменица по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (82, 79, 64 и 51 години), 2 починати лица од Куманово (81 и 49 години) и по едно починато лице од Битола (71 години), Велес (75 години), Штип (67 години) и Македонска Каменица (69 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 497 оздравени пациент од:
• Скопје 255
• Куманово 65
• Велес и Штип 21
• Прилеп 17
• Тетово 14
• Струмица 13
• Битола 12
• Охрид 10
• Кавадарци и Гевгелија по 8
• Кичево и Пробиштип по 7
• Струга и Кочани по 6
• Радовиш и Македонска Каменица по 5
• Крива Паланка и Виница по 3
• Ресен, Кратово, Богданци и Дојран 2
• Демир Хисар, Свети Николе и Дебар по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.369.624 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, на починати е 7.072, а бројот на активни случаи изнесува 6.191. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство