Охрид, 26. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Д-р Константин Георгиески, кандидат за градоначалник на Општина Охрид од редовите на СДСМ најавува ЕКО активности за почиста животна средина и подобрени младински политики.
– Постојано спроведуваме еколошки активности кои обезбедуваат почиста животна средина. Ги продолжуваме и унапредуваме мерките за доделување на субвенции за набавка на велосипеди и инвертер клима уреди. На сите објекти во сопственост на општината, особено на училиштата и градинките, поставуваме енергетски ефикасни прозорци, фасади и фотоволтаични системи. Стручна помош и консултации за граѓаните за енергетска ефикасност, проектна поддршка за реконструкција на фасади и замена на прозорците во станбените комплекси. Специјална програма за зголемување на енергетската ефикасност на домовите на ранливите категории, порачува Георгиески.
Од неговиот тим додаваат дека се посветени на проекти за подобрување на условите за младите охриѓани:
– Доделивме вкупно 700 ученички и студентски стипендии за две години. Реализираме вредни инвестиции за подобрување на условите во сите училишта. Даваме голема поддршка за развој на спортот и спортските клубови. Започнавме процедура за отстапување на простор и формирање Младински Центар во поранешната касарна. Во текот на наредниот период изготвуваме: младинска програма, младински буџет, стратегија за млади, стипендии за млади и Стартап програми за поддршка на бизниси, потенцираат од изборниот тим на Георгиески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива