Охрид, 27. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со велосипедската патека Охрид-Свети Стефан се овозможува безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба „Свети Стефан“, информира кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кирил Пецаков.
– Охриѓани и гостите со оваа патека добиваат ново место за рекреација на современ и модерен начин и можност да го користат своето време активно практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Проектот е и во функција на заштита и унапредување на животната средина. Со овој проект освен задоволување на големиот интерес на населението за патување со велосипед се подобрува и туристичката понуда во Охрид и директно се придонесува за зголемување на атрактивноста на градот, привлекување и задржување на посетителите. Заокружи 7 за голема победа на д-р Кирил Пецаков. На 31-ви октомври Охрид добива вистински градоначалник кој гарантира нова и светла иднина, потенцираат од партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива