октомври 27, 2021

Охрид, 27. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Гарантираме проекти за нова и светла иднина во населбите Воска, Далјан, 15- ти Корпус и Железничка, информираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– За жителите во населбите Воска и Далјан: реконструкција на ПОУ„Св. Климент Охридски” и партерно уредување; изградба и реконструкција на современо детско игралиште; реконструкција на пешачка патека Лабино-Далјан; партерно уредување на зелениот простор кај стадионот Грашница; партерно уредување на речното корито на река Грашница. Во населба 15-ти Корпус: асфалтирање на краци на улиците „15-ти Корпус“, „Ирина Мирка Гинова“, „Александар Турунџев“, „Кленоец“ и „Веле Марков“; поставување на забавувачи на брзина на ул. „Кленоец“; партерно уредување на коритото на река Сушица. За населба Железничка: изградба и реконструкција на современо детско игралиште; изградба и реконструкција на атмосферска канализација на улиците „Будва“ и „Прилепска“; промена на водоводна мрежа на улиците „Винковачка“ и „Крали Марко“; асфалтирање и реконструкција на улиците „Будва“, „Прилепска“ и „Винковачка“. Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков! На 31-ви октомври Охрид добива вистински градоначалник кој гарантира нова и светла иднина, велат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука