октомври 27, 2021

Скопје, 27. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.210 тестирања, при што се регистрирани 444 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 187
• Куманово 37
• Kрива Паланка 22
• Штип 20
• Велес и Кавадарци по 19
• Битола 17
• Тетово и Кочани по 16
• Прилеп 15
• Охрид, Струмица и Гевгелија по 9
• Неготино и Ресен по 7
• Берово 5
• Свети Николе 4
• Кичево, Радовиш и Пробиштип по 3
• Струга, Делчево, Валандово, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица по 2
• Виница, Пехчево и Дојран по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 2 починати лица од Скопје (56 и 46 години) и по едно починато лице од Кавадарци (74 години), Куманово (88 години), Кочани (84 години), Струмица (73 години), Прилеп (71 години) и Тетово (69 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 03.09.2021 година до 24.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Струмица и по едно починато лице од Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Радовиш на возраст од 49 до 78 години, од кои 5 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Регистрирани сe 225 оздравени пациент од:

• Скопје 158
• Куманово 14
• Битола 8
• Велес 7
• Гевгелија 6
• Кочани, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар по 4
• Штип и Пробиштип по 3
• Кавадарци, Радовиш и Кичево по 2
• Неготино, Кратово, Виница и Македонски Брод по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.372.834 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, на починати е 7.087, а бројот на активни случаи изнесува 6.395. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука