Охрид, 28. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет затоа што сакаме нашите деца да растат тука и да растат здрави, а по нас да оставиме здрава и чиста животна средина, порачува кандидатот за градоначалник на Охрид на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кирил Пецаков.
– Уредувањето на просторот и неговото планирање, во договор со граѓаните, креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување. Во таа насока планираме изградба на нов парк со содржини и проширување на зелената зона на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта каде што гостите и охриѓани има да поминуваат дел од своето време. Новиот парк и зелената зона на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта има да биде ново уредено катче за поубав и позелен лик на градот и препознатливо место за Охрид. Заокружи 7 за голема победа на д-р Кирил Пецаков. На 31-ви октомври Охрид добива вистински градоначалник кој гарантира нова и светла иднина, потенцираат од партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива