Битола, 28. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија (ДИК) утрово од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола го презеде доверливиот избирачки материјал што ќе биде користен во вториот круг од локалните избори.
Во текот на денот избирачкиот материјал, заедно со изводите од Избирачкиот список ќе бидат дистрибуирани до Општинските изборни комисии во општините каде в недела ќе има гласање. Утре пак ќе се достават уредите за отпечатоци од прст. Ангажирани се над 400 лица за техничка поддршка на избирачките места и надминување на проблемите со употребата на апаратите.
– Сметам дека вториот круг ќе се реализира во најдобар ред и побрзо. Намалената динамика на избирачкиот процес на одредени избирачки места во првиот круг, предизвикана од новата технологија и употребата на апаратите за отпечаток од прст во вториот круг ќе биде подобрена за што ДИК спроведе дополнителна обука. Но, за вториот круг ангажиравме над 400 лица кои ќе ги има на гласачките места и ќе бидат задолжени за техничка поддршка и помош со цел да нема пречки во процесот на гласање, изјави претседателот на ДИК Александар Даштевски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива