Охрид, 28. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Нашата цел е Охрид да биде град со најдобар стандард за образование во нашата држава. Продолжуваме со инвестиции во сите училишта и ги подобруваме условите за учениците, вели кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ Константин Георгиески.
– Работиме според приоритетните потреби и обезбедуваме реконструкција на објектите и набавка на училишна опрема за сите основни и средни училишта. Создаваме услови за воспитување и образование во сите делови на градот, обезбедуваме квалитетно образование достапно за сите. Во претстојниот мандат предвидуваме: изградба на нови објекти на основните училишта „Григор Прличев“ и „Братство Единство“, комплетна реконструкција на гимназијата „Свети Климент Охридски“, проекти за поддршка на дуалното образование, иницијатива за отворање на нови паралелки во медицинските струки и многу други инвестиции, вели Георгиески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива