Скопје/Охрид, 1. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцинацијата против Covid-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
– Вкупно се аплицирани 1.611.685 дози вакцини, а ревакцинирани се 775.825 граѓани, трета доза вкупно примиле 30.852 граѓани. Во петокот и саботата вкупно се вакцинирале 5.556 граѓани. Прва доза во петокот и во саботата примиле 950 граѓани. Трета доза во петокот и во саботата примиле 3.482 граѓани. 57% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина. 46% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини. 38% од вкупното население е има примено една доза вакцина. 35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини. 54% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста. Вакцинирај се без закажан термин, додаваат од Министерството. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство