Скопје, 1. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.549 тестирања, при што се регистрирани 153 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 108
• Куманово 12
• Прилеп 9
• Кавадарци 6
• Битола 5
• Крива Паланка 4
• Виница 2
• Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе, Берово, Делчево и Пробиштип по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: по 2 починати лица од Прилеп (54 и 63 години), Кавадарци (49 и 70 години), и Демир Хисар (74 и 77 години), по едно починато лице од Скопје (69 години), Кичево (58 години), Битола (61 години), Гевгелија (69 години) и Велес (79 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени две починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021 година. Регистрирани се по едно починато лице од Скопје и Крива Паланка на возраст од 61 до 80 години,од кои еден е починат во болнички услови ,а еден е починат во домашни услови.
Регистрирани сe 309 оздравени пациент од:
• Скопје 120
• Куманово и Велес по 26
• Кочани 20
• Штип 18
• Кавадарци 16
• Прилеп 13
• Битола 11
• Тетово 9
• Македонска Каменица 7
• Крива Паланка и Свети Николе по 6
• Гостивар 4
• Струмица, Кичево и Берово по 3
• Виница, Неготино, Делчево, Пробиштип, Гевгелија, Валандово и Кратово по 2
• Ресен, Крушево, Демир Хисар и Пехчево по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.386.978 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство