Охрид, 2. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Д-р Грација Бакраческа ќе биде нов пратеник од Охрид во Собранието на Република Македонија.
Таа доаѓа на местото на сега веќе новоизбраниот градоначалник на Охрид д-р Кирил Пецаков.
Д-р Бакраческа по професија е специјалист по детска и превентивна стоматологија и е вработена во стоматолошката служба во ЈЗУ „Здравствен дом“ во Охрид. (Крај)
извор: Охрид 1 фото: архива
Прочитано: 126