Скопје/Охрид, 3. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцинацијата против Covid-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Вкупно се аплицирани 1.620.860 дози вакцини, а ревакцинирани се 777.655 граѓани, трета доза вкупно примиле 36.424 граѓани. Во изминатите два дена вкупно се вакцинирале 9.009 граѓани. Прва доза во изминатите два дена примиле 1.873 граѓани. Трета доза во изминатите два дена примиле 5.536 граѓани. 57% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина. 46% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини. 39% од вкупното население има примено една доза вакцина. 35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини. 54% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста. Вакцинирај се без закажан термин, додаваат од Министерството. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство