ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2021 Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ДИК ги објави официјалните резултати, д-р Кирил Пецаков нов градоначалник на Охрид

Скопје/Охрид, 3. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги соопшти конечните резултати од вториот изборен круг на Локалните избори 2021 година.

Со освоени 16.980 гласови или 54,63%, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид д-р Кирил Пецаков победи во вториот круг на локалните избори 2021 година, покажуваат официјалните резултати на Државната изборна комисија (ДИК). Неговиот противкандидат, д-р Константин Георгиески од СДСМ освои 13.161 гласа, односно доби доверба од 42,34% од гласачите.

– Никогаш нема да ве разочарам. Поминавме две недели во кои оваа власт ни покажа зошто треба да замине. Хибридниот режим е поразен во цела Македднија. Се соочивме со многу притисоци за кои најдовме начин како да ги надминеме. Не потценија, но ние работевме и знаевме дека ќе дојде денот кога ќе кажеме дека Охрид и Македонија победија. Нема место во Охрид, без разлика кој живее – сите ја дадоа поддршката и бескрајно сум Ви благодарен за тоа. Од првиот ден ќе работам за сите граѓани. Ние црната камапања ја оставивме настрана. Најдовме иновативен начин да ги претставиме идеите и проектите и покажавме дека Охрид е подготвен за нов систем за работа. Ќе имаме наскоро нова Влада предводена од новиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. И 17-ти и 31-ви октомври беа референдумско изјаснување на народот – дали треба кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да биде градоначалник, но и референдум и против најголемото зло во Македонија, а тоа е Зоран Заев. И покрај сите напори на многу луѓе да не успее ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, ние победивме. Победи народот на Охрид, победи обичниот народ, порача Пецаков по победата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука