Скопје, 3. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.594 тестирања, при што се регистрирани 568 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 230
• Куманово 44
• Битола 39
• Прилеп 29
• Кавадарци 27
• Штип 26
• Велес 19
• Кочани 18
• Тетово 16
• Делчево 13
• Кичево 12
• Гевгелија 11
• Охрид и Струмица по 10
• Неготино и Крива Паланка по 9
• Свети Николе 7
• Берово 6
• Богданци 5
• Гостивар, Ресен и Кратово по 4
• Радовиш, Пробиштип и Македонска Каменица по 3
• Крушево и Демир Хисар по 2
• Валандово, Македонски Брод, и Дојран по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (44, 74, 75, 82 и 82 години), 2 лица од Кавадарци (69 и 87 години) и по едно починато лице од Тетово (16 години), Неготино (77 години), Куманово (79 години), Кочани (77 години) и Демир Хисар (90 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени седум починати лица со датум на смрт од 14.10.2021 до 31.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Куманово (2), Кичево (1), Делчево (1) и Велес (1) на возраст од 61 до 75 години, од кои 5 се починати во болнички услови, а 2 се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 293 оздравени пациент од:
• Скопје 173
• Куманово 28
• Струмица 11
• Велес 10
• Прилеп 9
• Битола и Гевгелија по 8
• Кавадарци и Штип по 7
• Крива Паланка 6
• Богданци и Пробиштип по 5
• Свети Николе и Кратово по 4
• Кочани 3
• Охрид, Неготино, Радовиш, Валандово и Дојран по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.393.963 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.866, бројот на оздравени пациенти е 189.557, на починати е 7.178, а бројот на активни случаи изнесува 7.131. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство