Охрид, 4. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Минимално покачување на езерското ниво од еден сантиметар.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нивото е на кота од 693,12 м.н.в што е само два сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в) и на 14 сантиметри пониско од просекот за ноември (693,26 м.н.в).
Најава за врнежи од дожд има дури за средината на идната недела. И додека на Охридското Езеро по кејот кејот „му се бројат коските“, деновиве скоро сите порти на истекот во Струга се отворени.
Алармантна е состојбата и со Билјанините извори, од нив веќе подолг период не тече вода.
Температурата на езерската вода денес е 13 степени, што е за 0,2 степени над ноемврискиот просек.
Во Охрид денес сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степени.
– Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/ УХМР