ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2021 Охрид ТОП ВЕСТИ

Собранието од денеска со шест нови пратеници, Бакраческа седнува на местото на Пецаков

Скопје/Охрид, 5. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Собранието на Република Македонија денеска на пленарна седница треба да верификува мандати на шест нови пратеници, откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата.

Локалните избори 2021 донесоа промени во собранискиот состав по победата во првиот круг од изборите на Костадин Костадинов од СДСМ во Струмица, на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Бутел, на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Штип, на Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Охрид и на Биљал Касами од БЕСА во Општина Тетово. На место Костадинов, во Законодавниот дом треба да дојде Љубица Спасова, на место на Муцунски ќе дојде Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, на место на Костовски ќе биде Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ, на местото на Јорданов ќе биде Драган Ковачки.

Д-р Грација Бакраческа ќе биде нов пратеник од Охрид во Собранието на Република Македонија. Таа доаѓа на местото на новоизбраниот градоначалник на Охрид д-р Кирил Пецаков. Д-р Бакраческа по професија е специјалист по детска и превентивна стоматологија и е вработена во стоматолошката служба во ЈЗУ „Здравствен дом“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука