Охрид, 9. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро повторно е на само два сантиметри, иако изминативе неколку дена беше на три сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нивото е на кота од 693,12 м.н.в што е за 14 сантиметри пониско од просекот за ноември (693,26 м.н.в). Температурата на езерската вода е 14 степени, што е за 1,2 степени „потопла“ од ноемврискиот просек.
И понатаму на Охридското Езеро по кејот „му се бројат коските“, а од Билјанините извори и натаму не тече вода.
Охриѓани подолг период се со став дека ова се должи на неконтолираниот испуст за производство на струја на реката Црн Дрим, од со став дека одговорно управуваат со испустот, а екологистите предупредуваат за еколошка катастрофа.
Состојбата со нискиот водостој трае веќе подолг период. Ваков случај имавме и минатиот ноември, кога водостојот беше на 693,10 м.н.в, а речиси пола декември беше на еден сантиметар под минимално дозволеното ниво.
Во Охрид денес сончево време со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 18. степени.
– Следува период на претежно стабилно време, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР