Скопје, 10. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Земјава бележи зголемување на заболени од Covid-19 во текот на последните две недели, порача на денешната прес конференција министерот за здравство д-р венко Филипче.
– Бројот е зголемен за 25 проценти, за разлика од претходниот период. Во однос на инциденцата последните 2 недели, таа е зголемена за 28,5 во вкупно 35 градови, а во други 7 е непроменета или има одредено намалување. Ваквиот раст е очекуван, силе удар има и кон болниците исто како и во регионот. Во однос на хоспитализацијата, исто така е забележан раст за 15 проценти. Сега се хоспитализирани 518 пациенти после долг период на територијата на цела држава, а добро е што нема голем притиок и нагол пораст на пациенти, истакна Филипче.
Причините за ова, како што рече, може да се бараат во неколку фактори, прво поголемиот број на помлади лица коишто се и лица заболени, но се вакцинирани, што значи дека имаат полесна форма на болеста и нема потреба за хоспитализација.
Според него, важно е што процентот на хоспитализирани во споредба со претходните бранови е намален. Сега е 6,4 проценти од 8.000 активни случаи.
– До крајот на оваа недела ќе заврши постапката за секвенционирање на вирусот за да видиме со каква мутација вирусот сега е доминантен, додаде министерот.
Во однос на вакцинацијата, како што рече, до сега се аплицирани над 1,6 милиони дози вакцини на територијата на цела држава. Прва доза на вакцини примиле 810 илјади граѓани, околу 8.000 граѓани се вакцинирани во странство, а ревакцинирани над 780 илјади граѓани. Трета доза на вакцина примиле над 46 илјади граѓани и околу 5.000 деца на возраст од 12 до 18 години примиле вакцина.
– Во однос на процентуалниот опфат 57 проценти од граѓаните над 40 години примиле барем една доза на вакцина, 48 проценти од популацијата над 18 години барем една вакцина, 46 проценти се и ревакцинирани, а 13 проценти од вакцинираните се над 60 годишна возраст примиле трета доза на вакцина, рече Филипче.
Тој додаде дека во делот на вакцинацијата има стагнација и апелираше до граѓаните дека мора да се свесни дека ова е единствениот начин да се излезе од оваа криза, единствениот ефикасен метод за заштита од вирусот. Вакцини има сосем доволно, а ќе има и во периодот кој следи и за редовна вакцинација и за трета доза.
Според министерот, кај малолетна популација во земјава регистрирани се вкупно 1.068 случаи на Covid-19. Во Институтот за белодробни заболувања во Козле се лекуваат 23 деца и ниту едно од нив не е во критична состојба.
– Скринингот е завршен во најголемиот број од училиштата, тестирани се над 5.000 ученици, 15 биле позитивни на вирусот. Очигледно е дека таму кадешто се почитуваат протоколите нема никакви проблеми, рече Филипче. (Крај)
извор: novatv.mk фото: архива