Скопје, 10. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.597 тестирања, при што се регистрирани 656 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
· Скопје 257
· Битола 38
· Куманово 34
· Прилеп 31
· Штип 30
· Кавадарци 27
· Тетово 26
· Велес 24
· Кочани 23
· Охрид и Крива Паланка по 18
· Струмица, Неготино и Делчево по 13
· Гевгелија 12
· Кратово 11
· Радовиш 10
· Ресен, Пробиштип и Демир Хисар по 8
· Струга 6
· Кичево, Свети Николе, Крушево и Македонска Каменица по 4
· Берово, Виница, Богданци и Демир Капија по 3
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (67, 76, 80 и 86 години), 2 починати лица од Куманово (65 и 70 години) и по едно починато лице од Гевгелија (71 години), Кавадарци (84 години), Охрид (76 години), Прилеп (71 години), Радовиш (70 години), Свети Николе (83 години) и Штип (74 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени осум починати лица со датум на смрт од 31.10.2021 до 08.11.2021 година. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Прилеп (1), Охрид (1), Кавадарци (1) и Велес (1) на возраст од 49 до 89 години, од кои 2 се починати во домашни услови и 6 во болнички услови.
Регистрирани сe 273 оздравени пациент од:
· Скопје 153
· Куманово 20
· Кочани 16
· Прилеп 14
· Кавадараци 12
· Велес 10
· Битола, Штип и Крива Паланка по 6
· Тетово и Неготино по 4
· Делчево 3, Струмица, Струга, Гевгелија, Радовиш, Виница, Пробиштип и Крушево по 2
· Гостивар, Охрид, Ресен, Кратово и Демир Хисар по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.415.992 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.566, бројот на оздравени пациенти е 191.922, на починати е 7.276, а бројот на активни случаи изнесува 8.368. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство