ноември 11, 2021

Скопје, 11. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.663 тестирања, при што се регистрирани 432 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

· Скопје 142
· Битола 47
· Прилеп 31
· Куманово 22
· Кавадарци 19
· Тетово, Велес и Кочани по 18
· Штип и Радовиш по 12
· Демир Хисар 9
· Гевгелија, Ресен и Делчево по 8
· Виница 7
· Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Берово и Кратово по 6
· Охрид и Кичево по 5
· Струмица 4
· Крушево 3
· Македонска Каменица 2
· Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (45, 78, 88 и 90 години), по 2 починати лица од Куманово (42 и 70 години), Битола (51 и 68 години) и Прилеп (66 и 70 години), и по едно починато лице од Делчево (74 години), Велес (79 години) и Кочани (55 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021 година. Регистрирани се починати лица од Крива Паланка (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Виница(1), на возраст од 57-82 години, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 448 оздравени пациент од:

· Скопје 186
· Куманово 42
· Прилеп и Велес по 26
· Кавадараци 21
· Битола 19
· Кочани и Штип по 16
· Тетово и Крива Паланка по 14
· Кичево 9
· Пробиштип 8
· Неготино и Охрид по 6
· Гевгелија и Делчево по 5
· Демир Хисар и Струга по 4
· Кратово и Свети Николе по 3
· Радовиш, Гостивар, Берово, Струмица и Валандово по 2
· Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Пехчево и Македонски Брод по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.418.655 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.998, бројот на оздравени пациенти е 192.370, на починати е 7.294, а бројот на активни случаи изнесува 8.334. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука