Скопје/Охрид, 12. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во септември годинава во земјава се евидентирани 68.578 туристи, од кои 46.5 % домашни, а 53.5 % странски, соопштија од Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во септември изнесува 165.486, од кои 48.8 % се од домашните туристи, а 51.2 % од странските.
Во периодот јануари-септември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 49.8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 23 %, а кај странските за 127 %.
Во периодот јануари-септември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 33.9 %. Кај домашните туристи зголемувањето е за 15.4 %, а кај странските за 150.8 %. (Крај)
извор: МИА фото: ОхридПрес