ноември 14, 2021

Скопје/Охрид, 14. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Комисијата за заразни болести неодамна одлучи да нема нови анти-ковид мерки и се препорачувасамо почитување на постоечките мерки носење маска и држење дистанца и да се зголеми вакциналниот опфат.

Комисијата ја оцени како стабилна епидемиолошката слика во земјава, иако од град во град се разликува зависно од опфатот на имунизирани.

Согласно Владината одлука донесена на крајот на октомври, од утре за влез во угостителските објекти ќе бидат потребни две дози вакцини или потврда за прележан Covid-19 во текот на последните 45 дена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука